Љубителите на доброто пиво од сега ќе можат во нешто ново

Конечно љубителите на доброто пиво ќе можат да уживаат во  нешто ново , а тое е вкусот на светски познатите пивски брендови „Bud“, „Grolsch“ и „Asahi“, кои ја збогатуваат понудата на најголемиот дистрибутер на пијалаци во регионот Дисконт „Рај“

UD е светло пиво кое се произведува од 1876 година и е едно од најпродаваните пива во САД. Станува збор за филтрирано пиво, кое покрај стандардните состојки за сите пива, јачмен и хмељ, содржи и до 30% ориз. Во процесот на зреење пивото се складира во садови од буково дрво. Пивото е познато и како веган пиво затоа што состојките што се користат немаат животинско потекло. За квалитетот на пивото зборува и фактот што BUD ширум светот е познато и како „Крал на пивата“ (KING OF BEERS).

Пивара Хролш е холандска пивара основана во 1615 година. Grolsch пивото има природна арома на хоп, јасен финиш и чиста горчина добиена со комбинација на два хопа Емералд и Магнум. Сето ова е придружено со мирисни ароми и специјално одбрани масти, што го прави Grolsch пивото уникатно во секој поглед.

Светски познати пивски брендови пристигнаа во Охрид

Asahi е едно од најпознатите и најпродаваните јапонски пива. Станува збор за суво пиво со јасен, лесен вкус. Всушност Asahi е револуционерно пиво направено како апсолутна спротивност од горчливите и тешки пива. Се произведува по уникатна и иновативна јапонска техника за производство на пиво со најдобрите состојки. Asahi е најпосакувано премиум јапонско пиво за потрошувачите ширум светот.

Дисконт „Рај“ постојано ја збогатува понудата на пијалаци и производи за широка потрошувачка, следејќи ги светските трендови кои сега се присутни и кај нас.

Коментари

Популарно