(Видео) Корона забава во Њу Џерси - имало толку многу гости што...

Домашна забава во Њу Џерси имала имала толку многу гости, кои ги игнорирале наредбите за носење на маска и држење на социјална дистанца, што на полициските службеници им биле потребни повеќе од 5 часа да ги растераат сите.

Полицајците во неделата во околу 20:30 часот пристигнале во куќа во Џексон, која била изнајмена преку "Airbnb", се наведува во изјавата на капетанот Стивен Ласкиевиц, објавена на Фејсбук страната на полицијата во Џексон. 

На забавата имало околу 700 луѓе, а повеќе од стотина возила биле паркирани на тоа подрачје, се наведува во соопштението.

Медиумите известиле дека полицијата го расчистувала подрачјето до еден часот по полноќ.Сопственикот на куќата и организаторите на забавата биле испрашани од полицијата.

Градоначалникот Фил Мафри, реагирајќи на оваа вест, истакнал дека ваквите случувања непотребно ги доведуваат луѓето во униформи и нивните семејства во опасност.

Неговата наредба ограничува собири во затворени простории на 100 луѓе, а собири на отворено на 500. Се огласиле и од "Airbnb" од каде го осудиле ваквото однесување истакнувајќи дека преставува сериозна злоупотреба во текот на пандемијата.

Коментари

Популарно