Утврдено како се појавил коронавирусот на луксузниот крузер после што почна да се шири заразата низ светот

Објавена е студија која објаснува како коронавирусот почнал да се шири на крајот на минатата година и на почетокот на оваа. Студијата утврдува како 700 луѓе од крузерот „Дајамонд принцес“, кој беше едно од жариштата од каде почна да се шири вирусот низ светот, се заболеле.

Во студијата објавена во американското списание PNAS, се вели дека само едно лице било извор на заразата на сите други. Тој брод станал идеален предмет за проучување и одлична лекција за светската научна заедница, пишува во студијата.

Студијата ја направил тим од јапонскиот институт за инфективни болести. Тие велат дека имаат секвенца од гените на вирусот, земен од 148 патници и членови од екипажот на тој брод, кои јапонсите власти ги ставија во карантин од 14 дена.

Сите биле ставени во карантин на 3. февруари на пристаништето Јокахома, откако еден 80 годишен патник, кој претходно излегол од брод во Хонконг, на 1. февруари, бил позитивно тестиран на коронавирусот.

Сагата за карантинот на повеќе од 3600 патници и членови на екипажот, ја следел целиот свет, а Јапонија била критикувана затоа што дозволила бродот да се евакуира, додека земјите како САД ги пресметувале ризиците од враќањето на своите државјани дома.

На крајот, околу 700 лица од 3711 луѓе на бродот, беа заразени од коронавирус, од кои седумина починаа. Добиените податоци од тој затворен простор на зараза, довеле до првите проценки на смртност од коронавирусот односно 1,2% од луѓето, додека 18% од нив биле асимптоматични.

Најмалку триесетина студии кои се направени за состојбата на тој брод, биле објавени од февруари, според сајтот kovid19.com. Новата генетска анализа на материјали земени од бродот, покажува дека сите вируси кои биле откриени на крузерот, делат иста мутација.

Тоа укажува дека ширење на SARS-CoV-2 на бродот „Дајмонд принцес“, потекнува од само еден преносител, пред почетокот на карантинот, заклучуваат јапонските научници. Заразата веројатно се раширила за време на големите собирања на патници во заедничките простории каде се играло, танцувало, купувало и се гледале претстави.

Коментари

Популарно