(Видео) Од земја без коронавирус, до многу заразени за неколку месеци

Се чинеше дека Виетнам веќе три месеци ја доби војната со коронавирусот со оглед на тоа што три месеци немаше ниту еден новозаразен и смртен случај, а луѓето се вратија на нормалниот живот.

Меѓутоа, пред само една седмица дојде до избивање на жариште и појава на 43 новозаразени во шест делови од земјата, меѓу кои и трите најголеми градови. Поради тоа, властите одлучија повторно да ги воведат ограничувањата.

Жариштето изби минатиот четврток во приморскиот град Да Нанг каде пристигнале илјадници туристи на годишен одмор.

После првиот пациент кој бил хоспитализиран и приклучен на респиратор, докторите во Да Нанг откриле уште тројца инфицирани во текот на викендот, а во понеделникот уште 11.

Во понеделникот властите охрабриле 80 илјади туристи да го напуштат градот, обезбедувајќи им бесплатни летови, а илјадници туристи кои планирале да пристигнат во Да Нанг ги откажале резервациите.

Плажите во вторникот биле затворени, воведена е блокада на градот, а се уште полицајци патролираат на улиците. До денес, откриени се 43 новозаразени, вклучувајќи и двајца во престолнината Ханој, а сите случаи се чини дека се поврзани со Да Нанг.

Коментари

Популарно