(Фото) Илинден го наполни, но и го извалка македонскиот бисер

Високите температури, продолжениот викенд и затворените граници со соседни држави ги наполни сместувачките капацитети во Охрид. Охриѓани на социјалните мрежи сведочат дека градот е веќе полн и го живее врвот на оваа сезона. 

Дел од граѓаните овој викенд летуваат на сопствена сметка, но дел ги користат бенифициите преку ваучерите за домашен туризам кои ги додели државата.

На социјалните мрежи утрово беа објавени фотографии на кои се гледа дека Охрид тоне во смет. Градските јавни претпријатија утрово се обидуваат да ја вратат во нормала состојбата и да го исчистат град од заостанатиот смет по улиците.

Коментари

Популарно