(Фото) Илинден го наполни, но и го извалка македонскиот бисер

Високите температури, продолжениот викенд и затворените граници со соседни држави ги наполни сместувачките капацитети во Охрид. Охриѓани на социјалните мрежи сведочат дека градот е веќе полн и го живее врвот на оваа сезона. 

Дел од граѓаните овој викенд летуваат на сопствена сметка, но дел ги користат бенифициите преку ваучерите за домашен туризам кои ги додели државата.

На социјалните мрежи утрово беа објавени фотографии на кои се гледа дека Охрид тоне во смет. Градските јавни претпријатија утрово се обидуваат да ја вратат во нормала состојбата и да го исчистат град од заостанатиот смет по улиците.

16 лица починати и 30 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид 19 во:

-Скопје 14

-Куманово 4

-Тетово и Кочани по 2

-Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип по 1

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г).

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:

-Скопје 163

-Куманово 31

-Битола 26

-Тетово 16

-Велес и Кичево по 12

-Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11

-Ресен 10

-Штип 9

-Виница, Прилеп и Свети Николе по 6

-Струмица 5

-Неготино и Берово по 4

-Радовиш и Гевгелија по 3

-Крива Паланка и Дебар по 2

-Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид 19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.

МВР: По 13 часот дозволен влез во Грција за граѓаните од Република Македонија

Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека  од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните  од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Македонија преку  ГП ,,Евзони“. 

Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ,

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што  граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

Македонски граѓани заглавени пред Евзони, Грција не ја отвори границата

Граничниот премин меѓу Македонија и Грција, Евзони, од утринава е отворен за сообраќај но само за патници со грчки пасоши.

Иако министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев официјално изјавија дека Македонците на 14 мај конечно по година и пол ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кој што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.

Објаснувањето на грчките полиција е дека за сега се уште не добиле официјално одобрување за влез на останати патници.

Голем број на револтирани македоснки граѓани чекаат во колони на границата со Грција.

Популарно