Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5%

Има онлајн петиција за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5 отсто. 

Иницијативата „Млади за Македонија“ започна онлајн петиција со име „Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5 отсто“.

До

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија

Собранието на Република Македонија

Министерството за економија на Република Македонија

Владата на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија

Ние, граѓаните на Република Македонија,

Револтирани од покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4%,

Вознемирени од последиците од покачувањето на цената на електричната енергија врз цените на производите и услугите во Република Македонија,

Бесни поради континуираното осиромашување на народот и државата од страна на странските монополи,

Загрижени за нашите сограѓани кои поради актуелната пандемија нема да можат да ги покријат своите сметки за електрична енергија и поскапите намирници, 

Имајќи ги во предвид платите во Република Македонија, кои се едни од најниските во Европа,

Со надеж дека ќе го подобриме животниот стандард на народот,

Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:

1. Итно укинување на одлуката на Регулаторната комисија од 31.07.2020 за покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4% ,

2. Намалување на данокот на додадена редност за електричната енергија за домаќинствата од сегашните 18% на 5% ,

3. Укинување на високата тарифа на цената на електричната енергија ,

4. Формирање на засебен фонд за покривање на сметките на лицата со финансиски потешкотии, кој фонд ќе биде финнасиран од профитот на "универзалниот снабдувач со електрична енергија" ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје ,

5. Законско решение за загарантиран откуп на електричната енергија од фотоволтаици произведена од домаќинствата и нејзин откуп во сооднос 1:1 ,

6. Укинување на задолжителната комуналната такса за јавно осветлување. Обештетување на сите домаќинства кои поради различните струјомери плаќаа двокранта и трократна "комуналната такса за јавно осветлување" за еден ист објект ,

7. Промена на тарифниот систем и укинување на ангажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија .

Петиција:

Коментари

Популарно