Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5%

Има онлајн петиција за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5 отсто. 

Иницијативата „Млади за Македонија“ започна онлајн петиција со име „Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5 отсто“.

До

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија

Собранието на Република Македонија

Министерството за економија на Република Македонија

Владата на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија

Ние, граѓаните на Република Македонија,

Револтирани од покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4%,

Вознемирени од последиците од покачувањето на цената на електричната енергија врз цените на производите и услугите во Република Македонија,

Бесни поради континуираното осиромашување на народот и државата од страна на странските монополи,

Загрижени за нашите сограѓани кои поради актуелната пандемија нема да можат да ги покријат своите сметки за електрична енергија и поскапите намирници, 

Имајќи ги во предвид платите во Република Македонија, кои се едни од најниските во Европа,

Со надеж дека ќе го подобриме животниот стандард на народот,

Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:

1. Итно укинување на одлуката на Регулаторната комисија од 31.07.2020 за покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4% ,

2. Намалување на данокот на додадена редност за електричната енергија за домаќинствата од сегашните 18% на 5% ,

3. Укинување на високата тарифа на цената на електричната енергија ,

4. Формирање на засебен фонд за покривање на сметките на лицата со финансиски потешкотии, кој фонд ќе биде финнасиран од профитот на "универзалниот снабдувач со електрична енергија" ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје ,

5. Законско решение за загарантиран откуп на електричната енергија од фотоволтаици произведена од домаќинствата и нејзин откуп во сооднос 1:1 ,

6. Укинување на задолжителната комуналната такса за јавно осветлување. Обештетување на сите домаќинства кои поради различните струјомери плаќаа двокранта и трократна "комуналната такса за јавно осветлување" за еден ист објект ,

7. Промена на тарифниот систем и укинување на ангажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија .

Петиција:

Зошто луѓето изневеруваат?

Според едно истражување  „извесно“ годишно време спаѓа во групата на фактори кои се „виновни“ за неверство, дали можете ли да претпоставите за кое станува збор?

Прељубата во врската или бракот е една од најчестите причини за раскинување, а сега се појавија и податоци кои покажуваат во кое животно доба и мажите и жените најмногу изневеруваат.

Резултатите од едно британско истражување покажале дека луѓето извршуваат најголем број неверства на 39 години.

Објаснето е и дека таа година за многумина претставува пресврт во животот бидејќи некои почнуваат да влегуваат во средовечна криза или бараат нови возбуди.

Истражувањето покажало дека сме најподложни на неверства во последната година од која било животна декада (19, 29, 39, 49 или 59). По добата од 39 години, најчеста година за неверство е кога имаме 49, а следната е кога имаме 29 години.

Студијата покажала и дека некои луѓе изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот.

Што се однесува до годишното време, особено се опасни летните месеци бидејќи тогаш се случуваат 25 отсто повеќе прељуби од вообичаено.

Петте најчести причини за неверства, според ова истражување, се:

• Недостиг на возбуда во креветот (75%)

• Се укажала прилика за тоа (54%)

• Здодевност во врската (46%)

• Повторен контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28%)

• Желба за промена (22%)

Фото: Кој му прави друштво на Панчо на Водно?

- Денес ме направи посебно горд што ми беше Водно партнер и што се искачи до врв без ниту една пауза. Учете ги децата да се грижат за себе, своето здравје и да ги почитуваат вистинските вредности на животот, напиша Панчо под фотографијата на која се гледа дека денес планинарел во друштво на синот Андреја. 

Панчо секојдневно е на Водно и секојдневно испраќа мотивирачки пораки, со цел своите следбеници на социјалните мрежи да ги натера да водат здрав живот и да ги искористат благодатите на природата.

Овој пат браво и за него и за малиот наследник, кому очигледно планинарењето не му паднало тешко, се разбира, судејќи според насмевката. 

Џими од Молика стана свекор!

Џими Мицевски од познатата група  Молика од денеска има нова титула - свекор. Убавата вест ја сподели токму неговиот син Марио, кој ја побарал раката на својата сакана Тина. Романтичниот момент се случил во Охрид, и тоа во манастирскиот комплекс Свети Наум. 

„Со среќа и за век да ви биде и многу внучиња да си гледаме“, напиша музичарот на Фејсбук, а честитите и благословите веднаш почнаа да пристигаат.

Инаку, Џими не само што му е татко на идниот младоженец и свекор на Тина, тој им е и менаџер во групата „Молика јуниор“ чиј фронтмен е токму Марио, а Тина е вокалот.

Марио е син на Џими од првиот брак, кој инаку долги години е во брак со колешката Анета. 

Популарно