Погледнете како изгледа денес сопругата на харизматичниот Љубчо Георгиевски: „Нашата љубов е БИБЛИСКА која планини поместува“

Приватноста на поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, како и неговиот политички живот се уште привлекува внимание.

Пред неколку години се најде во центарот на вниманието и неговиот брачен статус кога одредени медиуми објавија дека се разведува од неговата сопруга, Снежана Георгиевска. Но веднаш по објавувањето на веста дека по три децении љубов и брак сопружниците ставиле точка, со реакција се јави сопругата на Љубчо и ги демантираше истите.

Таа тогаш прозборува за нивниот наводен развод и за порталот Галама потврди дека меѓу нив се уште гори „библиска љубов која планини поместува“.

Овие гласини ги демантираше и самиот Љубчо Георгиевски, а на неговиот официјален профил се уште стојат нивни стари заеднички фотографии.

Како брачниот пар Георгиевски изгледала некогаш, а како сега, можете да погледнете во продолжение.

Инаку, Георгиевски деновиве се најде во центарот на вниманието и со повикот на неговата ВМРО-Народна патрија до сите парламентарни политички партии да ги изгласаат предлог- законските измени со кои се забранува увоз на отпад кој би се користел како енергенс во производството.

„ВМРО-Народна партија смета дека нема никаква причина да се увезува отпад за кој сега ни раскажуваат приказни дека бил безопасен. Затоа што знаеме дека со самиот факт што се извезува, односно увезува од високоразвиени индустрии има нешто нелогично во приказната.

Конечно сакаме да потсетиме и дека фирмите кои го палат отпадот се високо профитабилни фирми, само како пример ќе го земеме Цементарница УСЈЕ која секоја година прикажува профит од 30.000.000 евра.

Нема никаква логика дека со употребата на ваквите евтини енергенси и се „помага“ на македонската индустрија“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

Контроверзен политичар

Љубчо Георгиевски отсекогаш важел за контроверзен политичар. Тој е еден од првите основачи на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој долги години беше еден од омилените политичари за најголемиот дел од симпатизерите на десницата. Неговите контроверзни ставови како тогаш, така и денес предизвикуваат интерес кај македонската јавност, иако по внатрепартиските поделби од 2004 откако по поразот реши да се повлече од политиката, и го најави доаѓањето на новиот „месија“, Никола Груевски, голем дел од неговите поддржувачи се свртеа против него, и тоа благодарение токму на Груевски.

На конгресот во Охрид во мај 2003 година кога го прашаа зошто го избра Никола Груевски, тој одговори: „Никола нема харизма, но е менаџер-технократ, а токму таков ќе и треба на Македонија во следниот период“.

Само две години подоцна, војводата на „клоци“ е исфрлен од неговата матична партија, а денес самиот не се срами да признае дека Груевски е негово промашување.

Харизматичен лидер

Љубчо Груевски како и Бранко Црвенковски важи за еден од најхаризматичните лидери во Македонија. Тие иако беа жестоки ривали, посебно пред парламентарните избори во 1998 година, една деценија подоцна станаа и сојузници во борбата против режимот на Груевски.

Од друга страна во чаршијата се уште кружат шпекулациите дека и покрај тоа што своевремено биле најголеми политички непријатели, сепак по превземањето на власта еден со друг постигнале премолчан „џентлменски“ договор законски да не се прогонуваат за евентуални финансиски злоупотреби.

Фото: Фејсбук/ Љубчо Георгиевски

Колку тежи семејството Георгиевски

Колку „тежи“ Љубчо Георгиевски и што се’ поседува неговото семејство е се уште отворено прашање. Со години наназад одредени медиуми анализираат во оваа насока, а во 2006 година тогашниот портпарол на СДСМ, Кондарко, јавно прашуваше со кои пари Љубчо купил имот на Флорида. Во 2007 година кога стана актуелно пополнувањето на имотни листови, Љубчо повторно се најде во тесно. Прво како на шега пишуваше дека поседува кокошки и гуски, култиватор и трактор, но законот повеќе не му дозволуваше да се мајтапи со овие информации. Тогаш откри дека поседува два стана во Скопје од 100 и 200 квадрати. Според негова изјава, куќата во Беровско е на неговата сопруга, но не запишал колку чини, земјоделското земјиште во Скопје му е од три и од седум декари, повторно без цена. Георгиевски пријавил и уметнички слики и колекционерски предмети, но без да се наведе цената. Од заеднички имот тогаш наведе 70.000 евра, и ниту една сметка во домашна или во странска банка. Семејството Георгиевски има џип „тојота“ кој го вози сопругата Снежана, објави тогаш Утрински весник.

Од друга страна, според анализите на „Бизнис 24“ од 2009 година, семејното богатство на поранешниот премиер на Македонија беше проценето на околу 100 милиони долари. Неговата финансиска и имотна состојба ја истражуваа и бугарските медиуми, а беа објавени и неколку бизниси што Георгиевски ги води во Бугарија. Што се однесува до јавноста во Македонија, речиси да нема некој што не знае дека Георгиевски поседува неколку фирми и дека инвестира во градежниот бизнис. Во интервјуто кое тој го даде за „Граѓански“, индиректно и самиот зборуваше за своите бизниси во градежништвото кои се енигма за јавноста. Сепак, колку навистина „тежи“ војводата се уште не е познато.

Коментари

Популарно