Нема да верувате дека и од „погреби“ се заработува

Покрај свадбите, прославите и крштенките, семејството на Кристина имало и чуден „настан“. Тие го фотографирале погребот во нивната фамилија, а таа ја продолжи традицијата и денес.

Кристина Поповиќ израснала во Неготин, во традиционално фотографско семејство. 

Таа е ретка, ако не и единствената жена во светот која се занимава со овој вид на фотографирање, Кристина сè уште ја работи оваа необична работа денес - ги снима последните моменти на некој што до неодамна бил на овој свет.

Еве како таа гледа на својата работа и кои се луѓето што ги бараат нејзините услуги.

„Повеќето од нив се луѓе кои живеат во странство, кои не можат да дојдат на погреби на нивни блиски, кои живеат на Балканот и умреле овде, но не мора да значи дека тоа е само  за нив, има луѓе кои сакаат да имаат спомени за тој ден. затоа што мојата логика е дека ова е единствениот, последен момент и последното нешто што можеме да го забележиме за нашето семејство и за некој што беше до нас до тогаш “

Таа самата вели дека секогаш е прва и последна на погребот. Таа прво го фотографира ковчегот додека никој не е наоколу. Потоа пристигнување роднини, солзи, палење на свеќи,  литургија и положување  на починатиот во гробот.

„Тоа е единствениот и последен момент во кој можеме да бидеме со овие луѓе. На пример, кога сликам погреб во кој ковчегот се затрупува со земја, буквално го забележувам секој момент како се затрупува ковчегот. И кога ќе го видите тој последен сантиметар од ковчегот, во земја, тоа е веќе  крај “, вели Кристина.

Различни села и региони на Србија бараат различни обичаи. Еве само еден од нив кој, да речеме ми „чуден“ на нашиот професионален фотограф:

„За мене, првиот погреб што го сликав во животот беше на еден Ром и се изненадив кога видов дека починатиот пет дена бил дома “, вели таа.

„Најчудното за мене беше што родителите и роднините на тој покојник ги подигнуваа  сите деца од семејството да се збогуваат, т.е да го бакнат починатиот и да стави  пари во ковчегот “.

Дали фотографирање на погребот, е бизарно според вас, или достоинствен и убав чин?

Коментари

Популарно