Селена Гомез: „Сите мои поранешни момчиња мислат дека сум луда“

Селена Гомез за време на снимањето на Јутјуб туторијалот призна дека сигурно сите нејзини поранешни момчиња мислат дека е луда.

„Знам дека сите тие мислат дека сум тотално луда, но не ми е грижа“, изјави во оваа прилика.

Во нејзините поранешни момчиња спаѓа и познатиот пејач Џастин Бибер, а Селена се пошегува и дека никогаш нема да се венча.

„Се надевам дека во иднина сепак ќе најдам сродна душа. Но, тешко е да излегувате на состаноци сега кога е карантин“, рече таа и напомена дека нејзиното признание не е повик за момците да ја канат на состанок.

Коментари

Популарно