Селена Гомез: „Сите мои поранешни момчиња мислат дека сум луда“

Селена Гомез за време на снимањето на Јутјуб туторијалот призна дека сигурно сите нејзини поранешни момчиња мислат дека е луда.

„Знам дека сите тие мислат дека сум тотално луда, но не ми е грижа“, изјави во оваа прилика.

Во нејзините поранешни момчиња спаѓа и познатиот пејач Џастин Бибер, а Селена се пошегува и дека никогаш нема да се венча.

„Се надевам дека во иднина сепак ќе најдам сродна душа. Но, тешко е да излегувате на состаноци сега кога е карантин“, рече таа и напомена дека нејзиното признание не е повик за момците да ја канат на состанок.

(Фото) Роналдо позираше во најскапите пижами кои сте ги виделе

Не треба Кристијано Роналдо да игра фудбал за да биде во центарот на вниманието. Доволно е да седне во својата јахта во пижами. Португалецот на својот Инстаграм поставил фотографија на која се гледа како ужива.

Дел од неговите критичари на социјалните мрежи реагираат дека направил моден ексцес, но набрзо во јавноста излезе информација колку чини пижамата на Роналдо.

Станува збор за свилени пижами од брендот „Луј Витон“, чија цена е околу 2.200 евра, но некои му порачаа дека изгледаат како да му ги шиела баба му.

Има огромен број на позитивни коментари, но има и негативни каде фановите го “раскостија“ од зезање.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

What a beautiful 🌅🙏

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Кардашијан ги „замрзнува“ профилите на социјалните мрежи

Ријалити ѕвездата ги охрабри следбениците да се придружат на кампањата социјалните мрежи да се направат „поодговорни“.

Ким Кардашијан вели дека ќе ги „замрзне“ своите профили на Инстаграм и Фејсбук зашто платформите дозволуваат ширење ормаза, пропаганда и дезинформации.

Во вторникот објави оти има намера да се придружи на протестот кој настана во кампањата „Престанете да мразите поради профилите на Твитер“.

-Ми се допаѓа тоа што можам директно да се поврзам со вас по пат на Инстаграм и Фејсбук но не можам да седам и да молчам додека на овие платформи се шири омраза, пропаганда и дезинформации – кои ги креираа групи за да внесат раздор и да ја раздвојат Америка – кои само чекаат да преземам чекор после кој луѓе ќе страат, напиша таа.

(Фото) Федерер со семејството ужива на јахта на познатиот милијардер

Додека неговите колеги моментално се наоѓаат на турнирот УС Опен, Федерер ужива на луксузна јахта во Сан Тропе. Славниот швајцарски тенисер одлучил останатиот дел од тениската сезона да го пропушти за да закрепне од операцијата на коленото.

Швајцарецот моментално се наоѓа на одмор со своето семејство. Со сопругата и децата ужива на јахта од својот пријател, милијардерот Барнар Арно.

Семејството Федерер било ''уловено'' во Сан Тропе. Папараците успеале да направат фотографии од славниот пар додека уживаат на популарната плажа, а на сите вниманието им го привлекол изгледот на госпоѓа Федерер.

Мирка се „преполовила“. Никогаш не била толку многу слаба, својата линија на тело ја довела до совршенство, а од фотографиите јасно може да се види дека изгледа подобро од кога и да е.

Популарно