Дали ви се смачи да ја гледате бањата валкана и со флеки?!

Ги имате испробано сите средства за чистење на бањата кои сте ги пронашле во маркетите, но не сте потполно задоволни со ниедно од нив? Сега може сами да направите домашни средства за совршено чиста бања, со неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна.

Ефикасно средство за чистење на купатило со киселина

Сигурно и на вас чистењето на купатилото ви е најдосадната работа низ дома. Без разлика колку го чистите, по кратко време, тврдокорните дамки од сапун и трагите од вода повторно се појавуваат. Но, постои едноставно решение. Сега може да направете домашно ефикасно средство за чистење на купатило со кое ќе заштедите пари, време, но ќе имате и совршено чисто купатило. 

Потребно ви е:

1 шолја прехранбена бела киселина

1/2 шолја детергент за миење садови

шише со распрскувач.

Во мало тенџере додајте ја алкохолната киселина и загрејте ја. Киселината мора да се загрее за подобро да се соединат состојките.

Во загреаната алкохолна киселина додајте го детергентот за миење садови и добро измешајте, а потоа добиената смеса ставете ја во шишето со распрскувач.

Со добиената смеса испрскајте добро врз валканата површина и оставете да делува околу 2 часа пред да исплакнете.

Оваа комбинација добро ги отстранува тврдокорните дамки, па дури и ‘рѓата.

Домашното ефикасно средство за чистење на купатилото може да го користите за сите делови, особено за туш батеријата, туш кабината и керамиката.

Домашно средство за чистење на купатило со сода бикарбона

Сега може да си направите домашно средство за чистење на бањата со состојки кои сигурно ги имате во домот. На овој начин, ќе помогнете во заштита на околината, а истовремено ќе заштедите и пари. Прочитајте што ви е потребно за да го направите ова домашно средство со сода бикарбона.

Потребно ви е: 

1 чаша детергент за миење садови

½ чаша сода бикарбона

Во сад ставете го детергентот за садови и додајте ја содата. Измешајте убаво за да добиете паста. Садот поклопете го со капакот и пастата користете ја по потреба.

Пастата нанесете ја врз валканата површина и оставете да делува неколку минути. Потоа пребришете ја површината и добро исплакнете.

Оваа комбинација добро ги отстранува тврдокорните дамки, па дури и ‘рѓата. Можете да ја користите за чистење на сите делови од вашето купатило, особено за туш батеријата, туш кабината и керамиката.

Природно средство за чистење на фуги

Плочките во купатилото или во кујната можете да ги чистите колку што сакате, но доколку не успеете добро да ја отстраните, целата таа нечистотија се насобира во просторите помеѓу нив, односно фугите. Сигурно се прашувате како најефикасно да ги отстраните наталожените наслаги и да имате чисти фуги? 

Потребно:

7 чаши вода

1/4 чаша киселина

1/3 чаша свежо цеден сок од лимон

1/2 чаша сода бикарбона

шише со распрскувач

четка за отстранување на нежистотии.

Измешајте ги сите состојки во кофа, а потоа за најлесно распрскување дел од течноста турете во шише со распрскувач.

Испрскајте убаво на местата каде сакате да ги чистите валканите фуги, а потоа со помош на мала четка (може да користите и четка за заби) и добро исчеткајте ги.

На крај, исплакнете со топла вода или пребришете со сува крпа, а резултатите треба да бидат видливи веднаш.

Коментари

Популарно