Илон Маск се „фати за гуша“ со Бил Гејтс!

Директорот на компанијата Сепјс-Икс, Илон Маск го критикуваше милијардерот Бил Гејтс поради неговите ставови за одржување на поголемите електрични возила, па притоа процени дека тој не знае ништо.

Гејтс неодамна на својот блог наведе дека се надева на поквалитетни и поефтини батерии кои ќе ги направат електричните возила реална опција за секој сопственик.

Гејтс, исто така, се пофали дека неколку камиони за производство на камиони работат целосно на електричен погон, а притоа  не ја спомна Тесла.

Тоа очигледно го навреди Маск, кој на прашање на еден корисник на Твитер кажа што мисли за ставовите на Гејтс.

Маск кратко одговори – „тој нема врска“!

Коментари

Популарно