Илон Маск се „фати за гуша“ со Бил Гејтс!

Директорот на компанијата Сепјс-Икс, Илон Маск го критикуваше милијардерот Бил Гејтс поради неговите ставови за одржување на поголемите електрични возила, па притоа процени дека тој не знае ништо.

Гејтс неодамна на својот блог наведе дека се надева на поквалитетни и поефтини батерии кои ќе ги направат електричните возила реална опција за секој сопственик.

Гејтс, исто така, се пофали дека неколку камиони за производство на камиони работат целосно на електричен погон, а притоа  не ја спомна Тесла.

Тоа очигледно го навреди Маск, кој на прашање на еден корисник на Твитер кажа што мисли за ставовите на Гејтс.

Маск кратко одговори – „тој нема врска“!

(Фото) Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил

Првиот летачки автомобил на Турција успешно беше тестиран во Истанбул, соопшти произведувачот, а пренесуваат турските медиуми.

За дизајнот и производството се заслужни турските инжинери, а леталото во текот на тестовите полета на висина од десет метри, а истото тежи 230 кг.

„Во следниот процес ќе направиме понапредни прототипи и ќе имаме летови со луѓе“, кажа Селчук Бајрактар, еден од луѓето во компанијата.

Бајрактра кажа дека се потребни од 10 до 15 години ова летало да биде на улиците, а од три до четири години за да почне да се употребува во рурални средини. Погледнете во продолжение како изгледаше леталото на Турција.

(Видео) Вака руските ловци Су-27 го пресретнаа авионот на Америка!

На интернет се појави снимка како руски ловци Су-27 пресретнаа американски авион Б-52Х над Црното море.

На снимката која ја објави новинарот на „Си-Ен-Ен“, Рајан Браун, може да се заблежеиии како пилот на ловецот Су-27 успешно го стигнува американскиот авион.

Американската команда на воздухопловството за Европа и Африка соопштии дека двата рускии ловци се однесувал непрофесионално при пресретнување на американскиот авион.

Погледнете во продолжение како изгледаше нивната средба.

Популарно