Две тинејџерки починале само неколку моменти откако објавиле фотографија

Две тинејџерки, кои обиколувале водопад во Бразил, починале откако паднале од висина од 30 метри, само неколку моменти откако објавиле фотографија од работ на природното чудо.

Моника Медеирос (19) и Бруна Веласкез (18) паднале под водопадот откако едната се лизнала во близина на врвот, а другата трганала да и помогне, пренесува News.com.au.

Девојчињата беа неразделни, велат нивните семејства по трагичниот настан.

Според медиумите, тие наводно заедно со пријатели тргнале да го разгледаат водопадот кај градот Лајес во Бразил.

Според полициското соопштение, едната девојка се лизнала додека одела во близина на врвот на водопадот, додека другата ја изгубила рамнотежата кога сакала да и помогне.

Пред да починат, девојките објавиле фотографија на социјалните мрежи на која седат на врвот на водопадот, додека група луѓе се во подножјето.

За жал, тие починале откако паднале заедно од висина од 30 метри. Според извештаите на медиумите, до овој водопад може да се стигне само пеш.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Sem dúvida nossos roles são os melhores 🖤

A post shared by Monique Medeiros (@nique_medeiross) on

Веласкез била прогласена за мртва на самото место пред да пристигнат спасувачите, додека Медеирос починала во болницата каде подлегнала повредите откако била спасена.

Според локалните власти, водопадот каде што загинале девојчињата бил забранет за туристи, но локалното население често го посетувало ова подрачје.

Коментари

Популарно