(Фото) Станија влегува во „Задруга 4“, ама со лични телохранители

Старлетата Станија Добројевиќ е сериозно загрижена за нејзината безбедност откако нејзиниот поранешен пријател и љубовник Кристијан Голубовиќ  јавно се закани дека ќе ја убие, па реши да не препушта ништо на случајноста откако деновиве и таа треба да влезе во реалното шоу „Задруга 4“!

Имено, старлетата наскоро планира да се пресели во „белата куќа“, а личното обезбедување наводно ќе го понесе со себе. Како што изјавил близок извор на старлетата, Станија наводно ангажирала две мускулести момчиња кои ќе и бидат на располагање 24 часа на ден и молњевито ќе реагираат само во случај на нејзини конфликти со Голубовиќ.

– Станија и Кристијан се препукуваа со месеци пред почетокот на „Задруга 4“, но кога Голубовиќ јавно вети дека ќе ја убие доколку само уште еднаш ја спомене неговата ќерка, сфати дека ѓаволот ја однел шегата. Бидејќи и се ближи влегувањето во реалното шоу, таа реши да не остави ништо на случајот, па ангажираше лично обезбедување што ќе ја штити од Кристијан 24/7 – вели изворот.

– Секој учесник во реалното шоу „Задруга 4“ е целосно безбеден, бидејќи на имотот има неколку момчиња кои се грижат за безбедност на учесниците и кои интервенираат секогаш кога ситуацијата излегува од контрола. Но, и покрај тоа, Станија побара од продукцијата да и овозможи да доведе своја безбедносна служба и тие и излегоа во пресрет.

– Таа за неколку дена планира да влезе во „Задруга 4“, а потоа ќе започне вистинскиот спектакл меѓу неа и Кристијан. Затоа последните денови никому не му се јавува и собира сили за да ги издржи наредните 10 месеци, кои ќе ги помине  во ова ријалити – вели на крајот изворот.

За потсетување, услов да влезе во „Задруга 4“ беше Кристијан Голубовиќ да потпшише договор со продукцијата дека ќе ги изгуби своите 150.000 евра, ако само еднаш  ја удри Станија за време на нивното учество и престој во реалното шоу.

Коментари

Популарно