Мицкоски ги нарече незнајковци лекарите од Комисијата за заразни болести

Како што кажа министерот за здравство Венко Филипче, по скратена постапка идната недела ќе се носи законот со кој ќе се воведат новите мерки, како што се маски на отворено, забрането групирање и гости после 22 часот. 

Но, бидејќи дел од пратениците на владејачкото мнозинство се болни, можно е тој закон да зависи ид од опозициски пратеници. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе даде поддршка не сите мерки чија цел е поддршка во борбата против коронавирусот. Се пожали дека не била консултирана опозицијата за мерките.

А, Мицкоски кажа и една друга работа, ги нарече незнајковци лекарите од Комисијата за заразни болести.

„Тука сме, стоиме на располагање со сиот свој потенцијал, како политичка партија, како опозиција, да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со оние незнајковци од политичката Комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев. Нека ми каже некој кои се тие мерки, јас не ги знам. Па еве, вече носиме маски, не треба сега ново гласање. Еве ако треба за таа мерка, ќе ги поддржиме“, рече Мицкоски.

Коментари

Популарно