Денеска се жени Саша Богдановиќ и Јелена: Младенците се чекаат во Грчаница

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и неговата Јелена Брауновиќ денеска својата љубов ќе ја крунисаат со брак во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во Грчаница.

На оваа мала венчавка ќе присуствуваат само најблиските од семејството, со оглед на здравствената ситуација која владее во државата. Според извори на Слободен печат, досега пристигна се 15тина гости, а во секој момент се очекуваат и младите.

Гостите беа пречекани во дворот на Манастирот од страна на „витезот од Грачаница“ кој е од витешкиот ред Црвен змеј кој датира од времето на српскиот крал Милутин кој е ктитор на светилиштето изградено во времето на неговото владеење, односно во 1321 година.

Младенците го одбраа токму овој манастир поради нивното потекло, односно српското на Богдановиќ и црногорското на Јелена, поради тоа што во Скопје не можеле да склопат црковен брак поради проблемот со непризнаената МПЦ-ОА од страна на Српската православна црква. Ова за Слободен печат го изјавија членовите на семјеството на невестата.

Коментари

Популарно