Денеска се жени Саша Богдановиќ и Јелена: Младенците се чекаат во Грчаница

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и неговата Јелена Брауновиќ денеска својата љубов ќе ја крунисаат со брак во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во Грчаница.

На оваа мала венчавка ќе присуствуваат само најблиските од семејството, со оглед на здравствената ситуација која владее во државата. Според извори на Слободен печат, досега пристигна се 15тина гости, а во секој момент се очекуваат и младите.

Гостите беа пречекани во дворот на Манастирот од страна на „витезот од Грачаница“ кој е од витешкиот ред Црвен змеј кој датира од времето на српскиот крал Милутин кој е ктитор на светилиштето изградено во времето на неговото владеење, односно во 1321 година.

Младенците го одбраа токму овој манастир поради нивното потекло, односно српското на Богдановиќ и црногорското на Јелена, поради тоа што во Скопје не можеле да склопат црковен брак поради проблемот со непризнаената МПЦ-ОА од страна на Српската православна црква. Ова за Слободен печат го изјавија членовите на семјеството на невестата.

Новопазарски мантии

Изненадувачки едноставна подготовка за вкусен специјалитет…

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

800 гр брашно

1-2 лажичка сол

2 лажици масло

500 мл млака вода

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

500 гр јунешко мелено месо

1 главица кромид

бибер

сол

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:

100 мл јогурт

3 чешниња лук, ситно сечкан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тестото замесете го, потоа оставете да отстои. За тоа време направете фил од месо и кромид, и тоа добро зачинете го. Тестото развлечете го со раце и со прсти полнете го со фил, потоа одвојувајте облици за мантии.

Мантиите редете ги во намастен сад за печење. Печете на 200 степени 25-30 минути. Потоа прелијте со прелив од јогурт и лук.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Готви.мк

Видео: Природен хормон за брзо раст на растенијата

Сок од врба - природен хормон за брзо растење на цвекиња и овошки Врбата содржи салицична киселина која делува антибактериски на растенијата Исто така содржи и фитохормон ауксин кој го потикнува растот на билките Во продажба има многу хормони кои се употребуваат за раст на растенијата и за р'тење на гранки од цвекинја и овошки,но еве како би заштедиле пари и тоа би го направиле сами

Потребно е да исецкате млади врбини гранки и да ги прелиете со млака вода. Гранчињата оставете ги во вода 24 часа,па после тоа извадете ги од водата,па употребата на врбиниот сок може да започне

Компири полнети мелено месо и кашкавал

Направете компири полнети мелено месо.

СОСТОЈКИ:

5-6 компири

400 гр. мелено месо

150 гр. сланина

1 кромид

1 домат

2 прстофати бибер

1 мала шолја масло

сол

кашкавал

ПОДГОТОВКА:

Се мие и преполовува компирот, се вари во солена вода, околу 10-15 минути.

Се цеди веднаш.

Се сече кромид ситно, се ренда доматот на кој ќе му ја отстраните лушпата, се загрева масло и се пржи кромидот, сечена сланина, па доматот.

Се додава меленото месо по 2-3 минути и зачини/

Се крчка додека испари течноста.

Се вади внатрешноста на половинките компири, се полнат со месото и се става кашкавал горе.

Се печат во плех, на загреана рерна на 200 степени додека не добијат златна боја.

Уживајте!

Готви.мк

Популарно