ОД УТРЕ: Полициски час во пет црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет градови во црвената зона според бројот на лица заразени со коронавирус, а одлуката за можно затворање на Подгорица ќе биде донесена откако ќе пристигнат резултатите од 200 примероци од Германија.

Од утре ќе се воведе полициски час од 22 до 5 наутро во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и Жабљак од 22 до 5 часот наутро, а ќе има и затворање на училиштата, градинките и рестораните, изјави директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Бобан Мугоша.

Тој додаде дека мерките се воведуваат бидејќи стапката на инфекција во тие градови е поголема од 800 на 100.000 жители.

Во Подгорица стапката е помала, но Мугоша верува дека кога ќе пристигнат резултатите, главниот град на Црна Гора ќе премине во црвената зона, така што од понеделник веројатно ќе се применуваат рестриктивни мерки.

Откако бројот на пациенти започна нагло да се зголемува во септември, властите воведоа т.н. семафор според кој се воведуваат локални мерки во зависност од бројот на заразени.

Во последните 24 часа се регистрирани 146 новозаразени и три смртни случаи. Бројот на активни случаи во земјата во моментов е 4.428, или 703 на 100.000 жители.

Коментари

Популарно