ТРАНСМИСИЈАТА НА ВИРУСОТ ЌЕ СТИВНЕ ЗА ДВА-ТРИ МЕСЕЦА: Филипче со ваква оценка, но само ако ги почитуваме мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, оценува дека пакетот мерки за превенција од корона вирусот е така димензиониран, што ако граѓаните целосно ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести, во голема мера ќе приднесат за намалување на трансмисијата на Ковид-19 во наредните два до три месеци, односно силата на пренесување која во моментов ја има вирусот едноставно ќе спласне.

Истовремено, министерот Филипче во емисијата Топ Тема на ТВ Телма изрази уверување дека на денешната собраниска седница конечно ќе биде усвоен Законот за заштита на населението од заразни болести, односно дека со измените и дополнувањата во овој Закон ќе стапан на сила мерките од првиот пакет, кои се однесуваат на задолжително носење маска и на отворено, пс заедно со овие кои веќе се применуваат ќе има позитивни резултати во намалување на бројот на позитивни случаи. 

Коментари

Популарно