Елена Јовчевска е препознатлива по тоа што ја негува народната музика, но и по поп звуците. Таа не само што пее, исто така свири и на изворните музички инструменти, гајда и зурла. Можеби невообичаено за една девојка, но таква е нашата Елена, поткрепена со големи амбиции и авторски дела. Поради тоа, зад себе има долга музичка кариера и тоа 10 години. Нејзината песна со која се впушти во музичките води е песната „Атлантида”.
„Мојата прва песна „Атлантида”! Многу емоции, среќа, задоволство, страв како ќе продолжам понатаму и еве после 10 години каде сум! Снимена на еден убав ден и празник. Ви благодарам на сите што сте со мене овие 10 години. Од срце, Елена. Ве сакам сите!“ – напиша Јовческа на нејзиниот Фејсбук.

Но, и таа како многумина, потресена од целокупната состојба зададена од вирусот, пред некое време изреволтирано објави статус на социјалните мрежи:
„Срамота од цел свет што се смее и од држава во која живееме. Ама свадби нема, крштевки нема…. Неписмена генерација на деца има и така тоа е нашата мила Македонија“ – напиша Елена. (М.А.)