(Фото) Анета Молика со емотивна порака за роденденот на нејзината ќерка

Македонската фолк-пејачка Анета Мицевска или позната во јавноста како Анета „Молика“ не е многу активна на социјалните мрежи, а и ретко споделува приватни фотографии.

Овој пат направи исклучок, токму поради роденденот на нејзината ќерка Моника, која стана полнолетна. Таа објави нивна заедничка фотографија, во чиј опис напиша:

„Ти си мое се’ и затоа ти посакувам се најдобро во животот. Патот кон среќата секогаш да ти биде чист како солза и знај дека има некој покрај тебе. Среќна 18-ка најмила моја“.

Коментари

Популарно