(Фото) Анета Молика со емотивна порака за роденденот на нејзината ќерка

Македонската фолк-пејачка Анета Мицевска или позната во јавноста како Анета „Молика“ не е многу активна на социјалните мрежи, а и ретко споделува приватни фотографии.

Овој пат направи исклучок, токму поради роденденот на нејзината ќерка Моника, која стана полнолетна. Таа објави нивна заедничка фотографија, во чиј опис напиша:

„Ти си мое се’ и затоа ти посакувам се најдобро во животот. Патот кон среќата секогаш да ти биде чист како солза и знај дека има некој покрај тебе. Среќна 18-ка најмила моја“.

(Фото) Александра од „Брза кујна“ го покажа трудничкото стомаче

Поранешната водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска во моментов паузира од телевизиските ангажмани, бидејќи е бремена и го очекува своето прво дете.

Таа сга првпат на социјалните мрежи објави фотографија од трудничкото стомаче.

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.

Александра е во брак со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да се земат.

(Фото) Ирена Спировска доби „куп“ пофалби, но и мала забелешка

ТВ водителката Ирена Спировска е една од нашите познати водителки која е меѓу најангажираните, па постојано има за предизвик да го избере најдобриот аутфит за себе.

Овој пат за една таква прилика избра црно бел коктел фустан кој ја истакна нејзината витка линија, но најмногу се истакнаа нејзиноте долги и витки нозе.

„Прекрасно изгледаш Ирена, како да застанало времето… Жена со стил, елегантна секогаш или со еден збор – перфектна“, „ Убавина без временска рамка“, „Елеганција , шарм и бистар поглед, зачинето со грациозност и харизматичност едноставно се во едно“, пишуваа до недоглед, но се најде и една интересна забелепка на која и Ирена се насмеа.

„Се свиткала ко ѓеврек со сланина“, на што таа веднаш возврати: „ Добра забелешка.Студено е во студио наутро во 6.30ч“, појасни Ирена и се насмеа на овој коментар.

(Фото) Ивана од „Ураган“ е една од најзгодните пејачки, а погледнете ја како изгледа без грам шминка

Ивана Николиќ од групата „Ураган“ доминира со својот атрактивен изглед, каде и да се појави. А овој пат, таа реши на фановите да им покаже како изгледа без грам шминка на себе.

Ивана се фотографирала во нејзиното најприродно издание, при што го најави гостувањето во следните емисии.

Погледнете во продолжение како изгледа атрактивната Ивана Николиќ од „Ураган“ без грам шминка.

Популарно