Српска докторка која лекува пациенти заразени со Ковид открива какви тегоби имаат

Вирусот го напаѓа и системот на коагулација кај многу пациенти, а тромбозата и емболијата, кои можат да предизвикаат мозочен удар и срцев удар, се вообичаени.

Коронавирусот, покрај тоа што ги зафаќа белите дробови, кај голем број на пациенти, особено во вториот сега, го напаѓа и системот за коагулација, па затоа често се јавуваат тромбоза и емболија. Овие компликации можат да предизвикаат белодробна емболија, мозочен удар или срцев удар кај некои пациенти, па дури може да доведат и до смрт. Експертите велат дека е исклучително важно пациентите, дури и откако ќе бидат излечени од вирусот, треба редовно да прават скенер и лабораториски контроли кои вклучуваат и вредности на Д-димер.

„На почетокот на јули целото семејство доби Корона, а најпрво јас и едната ќерка бевме сместени во Ковид болницата, Чигота, на Златибор каде има пациенти со лесна до умерена клиничка слика. Повремено бев на кислород, а ќерка ми ниту еднаш. Околу десетина дена по напуштањето на болницата, сè уште имав пневмонија, која се повлекува многу бавно, а ќерка ми не. Сепак, таа неколку дена имаше 37 температура. По совет на доктор од клиниката, направивме и Д – димер, тест на крвта што укажува на зголемено згрутчување на крвта и сомневање за белодробен тромбоемболизам, односно тромб во белите дробови. Резултатите од Д-димерот и беа зголемени, а моите беа во нормални граници. Сепак, двајцата направивме скенирање и се покажа дека двајцата имаме белодробен тромбоемболизам“ – раскажа Л.М. од Златибор.

Ова не е единствен случај, лекарите и претходно предупредуваа дека короната, особено во вториот бран, предизвикува сериозно оштетување и на многу други органи.

Док. Д-р Милан Радовиќ, помошник директор за пулмологија и координатор на болницата „Ковид“ во КЦ Ниш, изјави за „Курир“ дека „појава на зголемена коагулација на крв е забележана кај некои пациенти кои имаат Ковид 19, а кои веќе имаат изразени системски нарушувања“.

Пулмонолог Прим. Д-р Татјана Радосављевиќ вели дека е многу важно да се вршат редовни прегледи, дури и по завршувањето на болеста:

„Секако, лабораториските контроли треба да се прават почесто, бидејќи сè уште не знаеме како ќе се одвива понатаму, вирусот е нов. Колегите кои работат во Ковид болниците, редовно вклучуваат вредности на Д-димер во овие контроли, особено кај луѓето кои веќе се хоспитализирани. По три месеци од престанокот на тегоби треба да се направи контрола на скенерот.“

Коментари

Популарно