(Фото) Анастасија почна нов бизнис, што е со пеењето? Младата пејачка порача: Мала е како камен!

Анастасија Ражњатовиќ доби големи симпатии кај фановите затоа што сама си ја гради кариерата на успешна деловна жена, и покрај тоа што нејзината мајка е популарната пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Анастасија креираше своја колекција на заштитни маски, а на нив има интересен натпис. „Мала е ко камен“, пишува на црната маска, а тие маски им се допаднаа на нејзините фанови.

„Мили мои, само што се пуштени во продажба моите маски. Може да ги купите на интернет или преку Инстаграм“, напиша таа меѓу другото.

Коментари

Популарно