(Видео) Пациент на маса на оперирање, а народни песни во позадина грмат!

Несекојдневна снимка беше објавена од операциона сала на болница во Босна и Херцеговина, која крена бура на социјалните мрежи.

На снимката се гледа пациент кој лежи на операционата маса и заедно со медицинскиот персонал пее хит на Сафет Исовиќ, додека докторите го оперираат.

Сестрите, кои најверојатно се обидуваат да го расположат пациентот, од мобилен телефон пуштаат народни песни и пејат во операционата сала, додека пациентот се обидува да ги следи.

Оваа снимка предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а додека некои ја прифатија оваа „забава“ во операционата сала, имаше и такви кои се прашуваа дали вакво нешто е нормално. 

Инаку, не е чудно доктори при операција да пуштат некоја музика како класична на пр. за концентрација, но ова е поинаков случај.

Коментари

Популарно