(Фото) Руската вакцина против вирусот ќе биде поефтина од останатите!

Цената на руската вакцина Спутник 5 ќе биде многу пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.

Цените на вакцините ќе бидат објавени следната недела, но секако ќе чинат помалку од останатите вакцини, соопшти претставник на Рускиот фонд за директни инвестиции.

„Објавените цени од 19,5 долари по доза за вакцината Фајзер и 25-37 долари за вакцината Модерна всушност значат цени од 39 и 50-74 долари по лице. На едно лице му се потребни две дози од вакцината. Цената на СПутник ќе биде многу пониска“, пишува во соопштението.

Вакцината Спутник се произведува во Научно-истражувачкиот институт и на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравје на Русија. Во моментов во истражувањата учествуваат 40.000 доброволци.

Коментари

Популарно