Вознемирувачко видео: Тракторист брка и намерно гази куче

Монструозниот чин што во босанската населба Расљева кај Грачаница, кога маж прегази куче со трактор, добил епилог.Имено, кучето за чудо го преживеало овој ужасен чин и било згрижено на ветеринарната станица во Грачаница. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

- За среќа, кучето е живо. Ние ќе го известиме обвинителството и ќе биде поднесена пријава против сторителот, изјавиле за Кликс од Министерството за внатрешни работи на Грачаница.

Активистите од здружението „Соништа“ и нивната брза реакција се најодговорни за ваквиот среќен епилог на безумната постапка.

- Откако добивме информација за монструозниот чин во кој маж прегазил куче со трактор во општина Грачаница, веднаш реагиравме. Побаравме итна интервенција од Министерството за внатрешни работи на Грачаница, излегување на терен и одземање на кучето бидејќи лицето кое го извршило ова грозоморно дело го држело заклучено во штала на неговиот имот, не дозволувајќи им на активисти за заштита на животните, да му дадат ветеринарна помош, велат активистите.

Сепак, тоа не е крајот на приказната. По нивното барање за одземање на кучето, на активистите од здружението им било дозволено да го земат кучето во придружба на полицајци од Министерството за внатрешни работи на Грачаница и придружувани од ветеринар од ветеринарната станица Грачаница.

- Ќе дознаеме повеќе за здравствената состојба на кучето и сериозноста на повредите по прегледите и рендгенските снимки. Би сакале да му се заблагодариме на Министерството за внатрешни работи на Грачаница, а посебна благодарност му должиме на ветеринарот Нерман Авдиќ од ЈП Ветеринарна станица Грачаница, кој престојуваше со кучето во текот на ноќта, велат од здружението „Соништа“, пренесува Кликс.

Коментари

Популарно