Д-р Гњатовиќ објасни колку долго антителата штитат од Ковид 19

Српската докторка Марија Гњатовиќ, истражувач на Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП), зборувала за имунитетот, антителата и реинфекцијата со коронавирус.

„Од почетокот на епидемијата тестиравме повеќе од 25.000 луѓе, од кои 1.000 ги следиме во склоп на студијата и се покажа дека повеќето од заболените од Ковид во текот на март се уште имаат антитела. Вчера овде беше жена која боледуваше во март и нејзиното ниво на антитела е ист како кога беше установено дека развила имунитет после инфекција. Ако природно стекнат имунитет трае во повеќето случаи еве веќе седум месеци, и тоа без значаен пад на ИдГ телата, немаме причина да не веруваме дека тие луѓе од Ковид 19 ќе бидат заштитени скоро една година“, објаснила докторката Марија Гњатовиќ, истражувач на Институтот за примена на нуклеарна енергија, за имунитетот и реинфекцијата со коронавирус.

Најпрво се сметаше дека имунитетот после прележана корона трае најмалку 3 месеци, за потоа да се смета дека ИдГ антителата подолго не штитат, смета докторката. Нагласила дека има и такви кај кои имунитетот се губи, како и дека тоа е најчесто случај кај лица кои имале асимптоматска форма на вирусот или многу блага клиничка слика.

„Не е дури ни правило имунитетот да исчезне кај сите кои и не знаејќи прележале вирус или многу лесно го пребродиле. Напротив, станува збор за помал број случаи, но и тие имаат друга имунолошка меморија“, додала докторката.

Коментари

Популарно