(Видео) Холивудскиот пар доби второ дете, но наместо честитки наиде на потсмев

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил го добија второто дете, син, на кој му го дале името Финас. „Тој е прекрасен и толку сладок. Никој веќе не спие. Но ние сме воодушевени. Возбудени сме и не би можеле да бидеме посреќни. Многу сме благодарни“, рекол Џастин (39) гостувајќи во шоу програмата кај Елен.

Парот се венчал во 2012-та година, а синот на кој му го дале името Силас, го добиле во април 2015-та година. На прашањето како се разликуваат родителството со едно дете и родителството со две деца, Џастин се пошегувал: „Не се гледаме повеќе“.

Џастин и Џесика втората бременост внимателно ја криеле од очите на јавноста, а дури сега го објавија раѓањето на синот, за кое се претпоставува дека се случило пред неколку месеци.

Инаку, во Холивуд се зборува дека второто дете е обид на славниот пар да го надмине проблемот со неверството на Џастин, кој наводно се случил минатата година, кога е фатен како се држи за рака со актерка од сетот.

Освент тоа, парот е исмеан и поради имињата кои му ги дал на децата, со оглед на тоа дека првиот се вика Силас, а вториот Финас.

Коментари

Популарно