(Видео) Холивудскиот пар доби второ дете, но наместо честитки наиде на потсмев

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил го добија второто дете, син, на кој му го дале името Финас. „Тој е прекрасен и толку сладок. Никој веќе не спие. Но ние сме воодушевени. Возбудени сме и не би можеле да бидеме посреќни. Многу сме благодарни“, рекол Џастин (39) гостувајќи во шоу програмата кај Елен.

Парот се венчал во 2012-та година, а синот на кој му го дале името Силас, го добиле во април 2015-та година. На прашањето како се разликуваат родителството со едно дете и родителството со две деца, Џастин се пошегувал: „Не се гледаме повеќе“.

Џастин и Џесика втората бременост внимателно ја криеле од очите на јавноста, а дури сега го објавија раѓањето на синот, за кое се претпоставува дека се случило пред неколку месеци.

Инаку, во Холивуд се зборува дека второто дете е обид на славниот пар да го надмине проблемот со неверството на Џастин, кој наводно се случил минатата година, кога е фатен како се држи за рака со актерка од сетот.

Освент тоа, парот е исмеан и поради имињата кои му ги дал на децата, со оглед на тоа дека првиот се вика Силас, а вториот Финас.

ФОТО: Погледнете ги Сестрите Кардашијан пред пластичните операции

Не е тајна дека сестрите Кардашијан ги користеле услугите на естетски хирурзи за да го достигнат сегашниот изглед и да владејат со социјалните мрежи.

Колку пластичните операции им помогнале покажува и фотографијата од тинејџерсаките денови на Ким и Кортни , каде позираат заедно.

„Одиме во Ерменија“, напиша Ким покрај фотографија. Имено, нивниот татко е Ерменец.

Иако вели дека нема ништо против пластична хирургија, Ким призна само дека користи  инјектирање на филер, но многу нејзини обожаватели се убедени дека работела на носот, на бутовите и на задникот, пренесува Harpers Bazaar. Кортни призна дека ги зголемила градите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We’re going to Armenia 🇦🇲

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

„Спајс Грлс“ повторно се враќаат на музичката сцена?

Музичката група „Спајс Грлс“ (анг. Spice Girls) повторно се соединува, барем тоа го потенцираше една од девојките од групата, Меланија „Мел Би“ Браун додека гостуваше во шоуто на „Би-Би-Си“.

Музичката ѕвезда Мелани, во своето гостување најави заедничка турнеја на групата „Спајс Грлс“ во 2023 година, која воедно би претставувала и нивно повторно обединување.

„Ние бевме во преговори и претходната година, но тогаш се случи Ковид-19, па така се растурија плановите на сите. Девојките „ќе ме убијат“ бидејќи ќе го кажам ова но, ние се надеваме, посебно јас, бидејќи сум водечката сила, и ќе се потрудам да стане реалност – да организираме турнеја во 2023 година“ – потенцираше музичката ѕвезда Мел Би.

 Инаку, овој бенд светската популарност ја стекнува во 1996 година со хитот „Wannabe“ со кој владееја со светската сцена. Во 1998 година една членка ги напушта, а останатите четири се разишле во 2001 година. Викторија Бекам, Мелани Браун, Ема Бантон, Мелани Чизом и Џери Халивел се имињата кои ја градеа својата музичка кариера во оваа музичка група. Тие и денес остануваат најуспешен женски бенд во историја.

Девојките од оваа музичка група славеа 25-годишнина од нивната најпозната песна „Wannabe“, изминатиот јули.

(Фото) Не знаете која модна комбинација да ја одберете за вечерашното излегување? - Модните инфлуенсерки го нудат одговорот

Припадничките на понежниот пол, барем еднаш во месецот се соочуваат со проблемот – немање идеи за модни комбинации. Често си го поставуваат прашањето „Што да носам вечерва“?

Модните инфлуенсерки го нудат одговорот. Костумите ги посочуваат како прв избор на секоја жена, кога и да се двоуми што да облече. Тие никогаш нема да излезат од мода и секогаш ќе бидат во тренд. Истите се совршена идеја како за дневни, така и за вечерни настани, свечености или пак деловни обврски.

Во изминатите години, оделата станаа дел од речиси секој женски плакар. Во комбинација со интересна маичка и патики ќе изгледате одлично за кафе-средба или ручек со пријателките.

Доколку пак, го искомбинирате со високи потпетици и кошула, инстантно ќе добиете модна комбинација за вечерна забава.

Погледнете како модните блогерки ги комбинираат костумите и добијте инспирација за вашиот совршен вечерашен изглед.

Популарно