(Видео) Камерите снимија интересна ситуација меѓу Доналд Трамп и Меланија Трамп

Доналд Трамп, сега веќе поранешен претседател на САД, и неговата сопруга Меланија ја напуштија Белата куќа вчера, неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден, и на аеродромот во Палм Бич, каде што заминаа по кратка церемонија за проштавање во воздухопловната база Ендрус, камерите снимија интересна ситуација.

Имено, Меланија Трамп ги изненади сите најпрво со својот стајлинг, облечена во долг, лежерен фустан со портокалови мотиви, а кога излегоа од авионот, додека Трамп позираше пред камерата, таа за момент ја пушти раката и „мртва ладна“ застана настрана.

Меланија честопати ја тргаше раката од Трамп за време на официјалните церемонии, а дали со овој потег покажа дека е уморна од позирање и лажни насмевки што беше принудена да ги прави како прва дама, или дали станува збор за нешто посериозно, останува да видиме. .

Секако, фустанот со впечатливи мотиви и изгледаше одлично, иакомногумина на Твитер и порачаа дека се облекла како „домаќинка од осумдесеттите“.

Коментари

Популарно