Ги малтретирал работниците на „Градска чистота“ па добил нокаут кој ќе го памети

ТикТокерот Зоран Јовановиќ, кој на споменатата социјална мрежа се претставува под името „ludibratt“, пред извесно време ја разбесни јавноста кога објави видео на кое ги малтретира работниците на „Градска чистота“.

Сега тој објавил уште едно видео на кое се гледа како добил нокаут во центарот на градот, поточно на улицата Кнез Михајлова во Белград.

ТикТокерот објавил неколку видео снимки кои сега се шират на Твитер. На едно од видеата се гледа како момче во црна тренирка му мава бокс, а на следното видео е прикажан со преврзано око.

Јовановиќ ѝ стана познат на пошироката јавност во Србија по инцидентот во кој малтретирал работник на „Градска чистота“. На снимката која тогаш била објавена, се гледа како тој прво му се потсмева на работникот, а потоа му ја краде метлата и кантата за отпадоци.

Овој срамен чин на потсмевање и понижување на едно човечко суштество за неколку илјади прегледи и лајкови згрозил многумина, поради што реагирале и Твитерџиите кои ја осудиле ваквата постапка.

„Долго време не сум видел вакво понижување на работник. Навистина срамота што им паѓа напамет на децата вака да ги малтретираат работниците кои по овој студ ги чистат нашите улици. Не знам каде погрешиле родителите со ваквите имбецили“, гласел само еден од коментарите на Твитер.

Коментари

Популарно