(Фото) Албанската пејачка во бикини што открива премногу

Рита Ора моментално престојува во луксузен австралиски ресорт, а во текот на паузите воглавно ужива на сонцето покрај базенот.

Новите фотографии покажале колку навистина не ѝ е гајле дали на папарацо фотографите ќе им покаже премногу.

Пејачката Рита Ора овие денови има полни раце работа поради тоа што е член на жирито на талент шоу во Австралија, но не ѝ паѓа тешко додека времето го поминува во уживање.

30-годишната пејачка фотографите ја „уловиле“ за време на паузата од обврските додека се сончала на терасата од хотелот во кој што престојува, а во бикинито ја покажала прекрасната фигура на тело покрај базенот.

Не ѝ било гајле ни поради тоа што во еден момент покажала премногу од своето тело, а судејќи по фотографиите таа „не трепкала“ додека папарацо фотографите си ја вршеле својата работа. Без грам шминка на себе, пејачката го покажала совршеното тело.

Инаку, британските медиуми пишуваат дека Рита Ора престојува во луксузен ресорт во кој што сместувањето чини околу 30.000 долари неделно.

Да ве потсетиме, многумина не беа воодушевени од нејзиното однесување додека Велика Британија беше во карантин поради пандемијата на коронавирусот, а пејачката организираше голема роденденска забава во лондонски ресторан на чиј сопственик наводно му понудила пет илјади фунти. Но, сето тоа протече во јавноста и потоа Рита одлучи јавно да раскаже дека морала да плати казна од десет илјади фунти.

Коментари

Популарно