Почина Гоце Илиески

Возачот во прилепската Брза помош за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот.

И покрај желбата на целата нација Гоце Илиески на 42 години повторно да застане на нозе и да спасува животи, денеска засекогаш не’ напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца.

Со Ковид- 19 се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.

Прилепчани се шокирани од трагедијата која му се случи на семејството. На осми март почина мајката на Гоце, но најблиските одбиваа да му ја кажат лошата вест бидејќи и самиот беше во критична состојба. Ја имал само неа, бидејќи татко му починал во 2007 година.

И синот на Илиески, Филип (12), беше хоспитализиран во клининиката Козле, но после долго боледување е подобар, неодамна информираа блиски пријатели на семејството.

Пред само неколку дена се случи и неочекуван инцидент кој ја згрози јавноста, откако од плоштадот во Прилеп беше украдена кутијата за донации поставена од страна на локалните дуќанџии. Според нивните искази, ја украло лице кое возело веспа, но носело кацига и не успеале да го идентификуваат. Случајот беше пријавен и во полиција.

Коментари

Популарно