Италија со предупредување граѓаните да останат дома поради кинеската ракета

Кинеската ракета „Долг Марш 5б“тешка 21 тон полека навлегува во земјината атмосфера.

Се очекува денес или утре да падне на земјата но никој не може да каже точно каде ќе падне заради тоа што по лансирањето модулот почнал да кружи околу земјата по неправилна траекторија полека губејќи ја висината.

Проценките на експертите се дека поголем дел од ракетата при овој пад ќе согори.

Официјален Пентагон иако има можност при падот ваквите вселенски остатоци со ракетен систем да ги собори сепак не планираат вакви активности со надеж дека остатоците од кинеската ракета би завршиле во некои од морињата.

Кинеските власти кои инидиректно се посочуваат дека ја изгубиле контролата над ова вселенско летало уверуваат дека сепак не се очекува падот на деловите од ракетата да направат некакви проблеми врз авио сообраќајаот или дека би паднале во некое населено место. Она што е загрижувачко е предупредувањето кое го издадоа италијанските власти. Тие на жителите од јужните региони кои што се всушност на само 200 километри воздушна линија од Македонија, им препорачуваат поради можноста таму да паднат остатоци од кинеската ракета вечерва да остана во затворени простории особено околу 2 часот по полноќ.

Според податоците на американската војска ракетата која е во слободен пад се движи со брзина од 27 600 километри. Ова не е прв пат Кина да изгуби контрола врз вселенско летало.

Во 2018 година вселенската лабораторија се распадна при проаѓањето низ атмосферата две години отакоко престана да работи. Проценките на експертите се дека околу земјата има околу 9300 тони на вселенски отпад односно според европската вселенска агенција од 11 илјади сателити кои кружат околу земјата околу 4000 не се во функција.

извор: kanal5.com.mk

Коментари

Популарно