(Фото) Пар заедно ослабел 115 килограми, а не вежбале - погледнете ја нивната тајна

Џес Левет (29) и Ник Тод (40) се пар од Ајлсбери Вајл од Англија, кои се запознале на колеџ. Набргу по влегувањето во врска, тие започнале да живеат заедно, па закуски, газирани пијалоци и брза храна биле на нивната трпеза секој ден.

Кога и да биле гладни, тие секогаш ја исклучувале можноста за готвење здрава храна, па затоа своите оброци секогаш ги порачувале во ресторани за брза храна. Сепак, ситуацијата започна да се менува кога Џес еднаш се обидела да го облече стариот фустан.

– Кога видов дека фустанот со големина 24 не ми одговара, знаев дека морам да направам нешто поврзано со мојата тежина – изјавила жената.

Џес одлучила да ја замени својата нездрава исхрана со здрава и редовно да посетува група за поддршка на дебели луѓе кои сакаат да ослабат. Наскоро го убедила Ник да ѝ се придружи, со цел да се поддржуваат едни со други.

На почетокот на 2018 година, парот радикално го сменил начинот на живот и исхраната. Ник му се вратил на рагбито, со кое престанал да се занимава поради работата, а Џес повторно била во можност да го облече нејзиниот стар фустан.

– Се чувствуваме горди што постигнавме таков успех. Го решивме проблемот со храната и се фокусиравме на здравата исхрана. Досега ги постигнавме посакуваните резултати без вежбање и одење во теретана – изјавил овој брачен пар.

Тие не ја кријат стекнатата самодоверба, па велат дека никогаш не би можеле да јадат храна што порано им била секојдневие.

„Никогаш не сме се осудувавме едни со други и затоа успеавме заедно во ова“, рекла Џес.

Како изгледа нивната диета сега?

Тие ја замениле нездравата храна што ја јаделе секој ден со разновидни и здрави оброци. И, како што велат, сега уживаат да ги подготвуваат своите оброци заедно дома.

Џес

Појадок: Јогурт, малини и грозје измешано со јогурт

Ручек: Тестенини со свинско месо

Вечера: лазања или кинеска храна

Ужина: овошје, житарици или јогурт

Ник

Појадок: грејпфрут, јаболко и јогурт

Ручек: Салата со месо или тестенини

Вечера: Пилешко или риба со ориз

Ужина: овошје, јогурт и житни култури

Коментари

Популарно