Ова се пет причини зошто се дебелеете на стомакот

Ако со диети и вежбање не се постигнува очекуваниот ефект и не се губи вишокот од стомакот, можеби правите некои грешки кои ја саботираат целта. Ова се 5 чести виновници поради кои наслојките на половината не сакаат ,,да си заминат,,.

1.НЕДОСТИГ НА МАГНЕЗИУМ

На нашето тело му е потребен магнезиум за нормално работење на срцето, нервите и мускулите, а учествува и во активацијата на повеќе од 300 ензими кои обезбедуваат непречен ток на бројни процеси во телото.

Но, овој важен нутритиент има влијание и на губењето килограми и обликувањето на телото. Истражувањето објавено во Journal of Nutrition открило дека доволното консумирање на магнезиум се поврзува со ниското ниво на гликоза и инсулин (показатели за дебелеењето).

Друго едно истражување открило дека магнезиумот делува ефикасно и на чувството на надуеност во текот на менструалниот циклус. Имено, оние жени кои во организмот имаат доволно магнезиум се чувствуваат помалку надуено и отечено.

Совет: Храната богата со магнезиум е зелениот лисјест зеленчук, гравот, мешунките и јаткастите плодови. Ако сакате да земате надоместоци од магнезиум, задолжително консултирајте се со стручњак.

2. ХРАНА СО ПРЕМНОГУ СОЛ

Кога имате чувство дека по некое солено јадење се чувствувате надуено, не ви се присторува. Голема количина сол на дневна база може да ви го ,,надува,, изгледот. Дури повеќе од 90 % од луѓето ја пречекоруваат дневна доза сол од 4 грама, што ги саботира напорите за губење вишок на стомакот.

Совет: За да го намалите вносот на сол во организмот одбегнувајте сол во храната. Вкусот на јадењата засилете го со разни зачини. Обидете се да готвите со кумин, чили, ѓумбир, рузмарин или цимет. На тој начин солта нема да биде единствениот засилувач на вкусот и ќе ви треба во многу помала количина.

3. КОНСУМИРАЊЕ ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ

Газираните пијалоци се празни калории кои влијаат на обемот на половината. Имено, само две чаши газиран пијалок дневно предизвикува салото во пределот на стомакот да се собира пет пати побрзо. Големата количина шеќер во овие пијалоци предизвикува желба за храна, па јадете повеќе отколку што треба.

Совет: Одлична и здрава алтернатива на газираните пијалоци се природните овошни сокови. Освен тоа, држете се до препорачаните осум чаши на ден вода дневно и обидете се да своето мени да ги ставите чаевите, секако незасладени.

4. ПРЕМАЛКУ СОН

Ако имате чувство дека постојано ви недостига сон (освен што сте веројатно хронично уморни) ,,спречувате,, да се топат масните наслаги од стомакот. Истражувањето објавено во American Journal of Epidemiology открило дека жените кои спијат само пет часа имаат 32% шанси да бидат дебели од оние кои спијат повеќе. Имено, поради недостигот на сон во текот на денот консумирате повеќе масна храна, а виновник за тоа е грелинот. Производството на овој хормон на гладот, како што го нарекуваат, е токму зголемено поради недостигот на сон.

Совет: За да го регулирате апетитот, а со тоа и тежината и салото околу стомакот, спијте препорачaн број часови, најдобро од седум до девет часа во текот на ноќта. За да спиете поквалитетно, исфрлете ги сите електронски уреди од спалната, собата нека ви биде малку постудена од остатокот на станот. Идеална температура е 18 степени. Одбегнувајте кофеин доцна навечер и држете се до рутината на спиење, дури и ако тоа значи станување рано за време на викендите.

5. ЈАДЕТЕ ПОГРЕШНИ МАСНОТИИ

Телото не реагира на ист начин на сите маснотии. Истражувањата покажуваат дека високот внос на заситени масти (како оние од животинско потекло) го зголемуваат насобирањето на масти. Од друга страна, незаситените маснотии кои содржат омега-3 масни киселини како ние во кокосот, ленот, оревите, семките од сончоглед, маслиново масло, авокадото, делуваат противвоспалително и имаат одличен ефект врз телото.

Совет: Коригирајте го консумирањето на маснотии и избалансирајте ја исхраната, бидејќи преголемата количина било на заситени или на незаситени масти нема да има позитивен ефект врз вашата линија.

Коментари

Популарно