(Видео) Стомачните мускули на министерот за туризам на Израел предизвикаа „лудило“ на социјалните мрежи

Израелскиот министер за туризам е новата ѕвезда на социјалните мрежи, а одговорни за тоа се - неговите стомачни!

Не е често да се гледаат политичари кои се спортски градени, така што секој што ќе се појави веднаш го привлекува вниманието на јавноста. Така, видеото на израелскиот министер за туризам, Џоел Разозов, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

„Заборавија да ни го кажат ова - Разозов е најзгодниот министер за туризам што некогаш сме го имале“, гласи описот на видеото, на кое се гледа како тој излегува од вода, со даска за сурфање.

И не е изненадувачки што Разозов (40), инаку член на партијата на Јаир Лапид, има такво „извајано“ тело, имајќи предвид дека претходно успешно вежбаше џудо, а ја претставуваше земјата на европски и светски натпреварувања, како и на Олимписки игри.

Откако имаше неколку значајни повреди, тој реши повеќе да не спортува, па влезе во политиката. И покрај тоа, тој сепак редовно вежба и сурфа, а доказ за тоа е и најновото видео!

На состанокот во кабинетот во саботата, новиот израелски премиер Нафтали Бенет рече: „Џоел, престани да ги срамиш мажите пред нивните жени“. Розозов брзо одговори: „Јас само ги промовирам израелските плажи“.

Коментари

Популарно