(Видео) Нов документарец за венчавката на Чарлс и Дијана

Во јули 2021 година се одбележуваат 40 години од венчавката на принцот Чарлс и покојната Дијана, принцезата од Велс во 1981 година. Минатиот викенд, во пресрет на официјалната годишнина на 29 јули, беше објавен нов документарен филм на стриминг-платформата „Бритбокс“ (BritBox), кој вклучува внимателно реставрирани видео-снимки од историскиот ден.

Во најавата за „Свадбата на векот“ – документарен филм на заедничкиот стриминг- сервис на „Би-би-си“ и „Ај-ти-ви“ –  нараторката Анџела Рипон вели дека филмот потсетува на „денот што го маѓепса светот“и дека содржи „нечуени приказни раскажани од оние кои беа таму“.

„Кралските фанови ќе бидат особено возбудени кога ќе дознаат дека документарецоткористи убаво реставриран оригинален филм од венчавката, оживувајќи ја историјата како што никогаш порано не сте ја виделе“.

Возбудливиот долгометражен документарен филм дебитираше минатиот викенд на стриминг-платформата BritBox. Стримерот „Бритбокс“, заеднички потфат на „Би-би-си“ и „Ај-ти-ви“, е британски одговор на „Нетфликс“.

Коментари

Популарно