Земјотрес затече презентери среде вести

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ги затече австралиските новинари Мајкл Роланд и Тони Армстронг во информативно студио, пред камера… Во мигот кога сѐ почна да се тресе, водителите паузираат збунето и вџашено, па некој им вели „Земјотрес е“ – во позадина.

Земјотресот ја погоди областа на Мелбурн. Тамошните медиуми објавуваат слики од урнатини на улица во Мелбурн, што ги припишуваат на земјотресот.

Луѓето во северните делови на градот, пак, на интернет јавуваат дека останале без електрична енергија. Според наводите, 35.000 домаќинства накусо останале без струја.

Коментари

Популарно