(Видео) Мадона среде емисија го кренала здолништето и го покажала задникот

Со цел да спречи понатамошен скандал, Фалон го соблекол сакото и се обидел да го скрие задникот на пејачката, но гледајќи ја неговата намера, таа одлучила да го направи токму спротивното.

Поп пејачката Мадона вчера гостувала во емисијата „The Tonight Show“ и повторно успеала да ги запрепасти сите, вклучувајќи го и водителот Џими Фалон.

Имено, 63-годишната пејачка, откако Фалон ѝ кажал дека таа секогаш е прва во сè и успева да ги изненади луѓето и да им го „наруши мирот“, Мадона одлучила уште еднаш да го демонстрира тоа на лице место.

Имено, Мадона среде емисија легнала на масата на Фалон и ја подигнала едната нога. Со цел да спречи понатамошен скандал, Фалон го соблекол сакото и се обидел да го скрие задникот на пејачката, но гледајќи ја неговата намера, таа одлучила да го направи токму спротивното: станала од масата, се свртела со грб кон камерите и го подигнала здолништето.

Од срам, водителот го покрил лицето со сакото додека на Мадона целата ситуација ѝ била крајно смешна.

Секако, снимката веднаш стана тема број 1 на социјалните мрежи, а фановите на пејачката се согласни во едно – Мадона веќе не знае како да привлече внимание кон себе и дефинитивно не знае да се однесува во согласност со своите години.

Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно