(Фото + Видео) Ова е најплатената пејачка во Македонија

Пандора Гостивари, скромна по природа, вљубена во музиката и дел од естрадата уште од свои 12 години,кога за прв пат го зела микрофонот во раце, е една од најбараните, но и моментално најплатените пејачки од земјава. Иако премногу не се експонира во јавност, на нејзината официјална страница можат да се погледнат видео снимки од нејзините настапи, на кои таа настапува, најчесто седи додека пее, а еуфоричната публика ја опсипува со пари.

На страницата на музичкиот канал Јутјуб пак, нејзините видеа имаат и по два милиони прегледи.

Која е Пандора, скромната пејачка на која цела агенда за 2022 година веќе и е исполнета со закажани гостувања во земјава и странство, за ,,Фокус” раскажува нејзиниот сопруг и менаџер, Беким, инаку познат во јавноста како сопственик на ,,Elite cars nmk”, компанија која се занимава со изнајмување на луксузни автомобили и продажба на возила.

-Со сопругата Пандора и ќеркичката која има осум години живееме на релација Гостивар – Америка. Пандора е доста популарна, настапува со стари изворни албански песни најчесто, и иако е млада, има 27 години, таа речиси 15 години е посветена на музиката. Јас ја менаџирам нејзината кариера, успевам да балансирам помеѓу мојот бизнис со автомобилите и редовните настапи на сопругата.

Додава дека снимките на кои се гледа како Пандора е опсипана со бакшиш додека пее, зборуваат за тоа колку таа и значи на публиката. Вели дека најголемиот бакшиш кој го добила за време на свадба во Германија изнесувал 24.000 евра.

Коментари

Популарно