(Видео) Гордана Гоца Драгишиќ: „Доколку не се случеше сообраќајката, Тоше ќе имаше тешка болест“

За нејзе ќе кажат дека е нумеролог на кој му се верува, нејзините прогнози се обиствинуваат па баш поради тоа најгледаниот естраден магазин Бекстејџ од нејзе реши да помара одговор на прашања кои секој од нас го интересираат. Гордана Гоца Драгишиќ одговори што ја очекува нашата земја, и кога ќе дојдат подобри денови, се гледа ли крај на целава ситуација со пандемијата.

За Тоше Проески вели дека додаде дека генерално 2007-та година за него било многу тешка година, од сите можно аспекти. Вели дека доколку не се случеше таа сообраќајна несреќа, Тоше ќе живеел со многу тешка болест, објавува магазинот „Бекстејџ“.

-Тоше е најголемата ѕвезда не само во Македонија, јас мислам и на Балканот, тој е роден 25.01.1981 година. Во неговата консталација на датумот на раѓање имаме осум, еден, девет, која претставува личност која плени, која има добра душа, има ангел чувар, но таа 2007-ма година бил во една уранска година, година која кинеше се пред себе, и самата 2007-ма година не му била лесна, вели Драгишиќ.

-Да не му се случеше смртта на тој начин, за жал тој секако ќе имал некоја незгода, болест, тешко е да се зборува за бројот седум. бројот Бројот седум во нумерологијата важи за број на смрт, погреб и се она кое е врзано за тие ситуации кои и не се баш позитивни. Навистина ми е жал што ова го говорам, едноставно броевите многу повеќе покажуваат од она кое што ние може да го предвидиме и да сакаме да кажеме дека тоа не е така, за жал тоа е навистина така. Јас во овие кругови сум позната како некој кој работи многу со естрадата, со јавните личности, но работам и со обичниот народ, но позната сум по тоа дека немам влакна на јазикот, она кое што ми е прикажано го говорам како што е, вели таа.

Вели дека на стартот на 2022 година, во Македонија може да се очекуваат земјотреси, поплави, едноставно тоа ќе бидат тешки денови за сите нас.

-Јас само да кажам дека во јануари, може да очекувате земјотреси, поплави, изливање на реките, малку турбулентен период, но не е ништо страшно, вели таа за „Бекстејџ“.

-Што сум предвидела, а се остварило? Морам да признаам многу работи, од кога почна пандемијата, гостував во една емисија минатата година во август, не јуни 2020, кажав дека ќе се појави лек кој ќе ни помогне или вакцина, која ќе ни помогне за излекување, што и се случи, му благодарам на Господ, во јануари 2021 годинам и морам да кажам дека во август месец кажав ќе се појави лек кој ќе ни овозможи да оздравиме и целата пандемија која ни се случи да ја поминеме полесно, вели таа.

-Втора работа која вас ве интересираше е што ќе биде со Македонија, јас морам да кажам дека се водам според датум, Македонија е основана 09.09.1991 година, барем по она кое што го пишува на интернет, но морам да кажам дека оваа година ќе биде навистина тешка за Македонија, многу реформи, многу работи ќе се променат, многу ситуации, но она што навистина е важно е дека граѓаните на Македонија ги очекува олеснување во март 2022 година, каде ќе дојде до зголемување на паричните средства, платите, да се вложува во нови фирми, нови објекти, ќе има нови вработувања, посебно од мај 2022 година, тоа е навистина важно да го кажам, додава нумерологот Драгишиќ.

Коментари

Популарно