(Фото) Пејачката е со насмевка на лицето и полна со желба за живот

На 69-годишна возраст почина пејачката Мерима Његомир. Оваа информација за локалните медиуми ја потврди нејзината ќерка Љубица.

Неодамна објави дека боледува од карцином, борба која не успеа да ја надмине. Таа беше родена во Земун 1953 година, од мајка со босанско потекло и татко со македонско потекло.

Мерима Његомир сними повеќе од 25 албуми и испеа некои од безвременските хитови како „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“ и многу други. Добитник е на голем број признанија за српската и босанската култура и музика.

Нашата публика ја памети по извонредната изведба на македонската „Зајди зајди“. Зад себе ги остави ќерките Милица, Јелена и Љубица, синот Марко и четири внуци.

Пејачката претходно беше доста активна на социјалните мрежи, а последната објава која може да се види на нејзиниот профил на Инстаграм е од пред една година.

На фотографијата која ја објави, Мерима е насмеана на едно патување. Се возела на траект и ја споделила својата радост со сите.

Коментари

Популарно