(Видео) Теа Таировиќ повторно ја китат со пари, ѝ фрлаат банкноти во градите

Познатата пејачка Теа Таировиќ на еден од последните настапи доживеа нешто што ретко кој од нејзините колеги и колешки го доживува.

Имено, таа од сите страни беше опкружена со банкноти, кои летале насекаде околу неа, а гостите од локалот каде што пеела не ги штеделе парите со кои ја украсувале.

Во еден момент ја „гаѓале“ со пари во глава, што воопшто не и пречело на Теа, па продолжила да пее, но и да се извртува во ритамот на музиката, додека со двете раце ги фаќала парите.

Во продолжение погледнете како изгледаше ова. Теа неодамна изјави дека не и пречи да ја нарекуваат „кралица на бакшишите“.

-Не ми пречи да ме нарекуваат така, на тоа гледам како на нешто добро и награда, бидејќи во тој момент успеав да ги расположам луѓето на прославата. Тоа не е лоша работа, рече таа.

Коментари

Популарно