Доколку ја имате оваа крвна група сте големи среќници

Луѓето со крвна група 0 се навистина посебни, поради тоа што можат да даруваат крв на сите други крвни групи, но сепак можат да примаат крв само од својата крвна група.

Но, тоа не е сè поради што тие се „поразлични“ од останатите луѓе. Луѓето со таа крвна група се посклони на некои болести, но имаат и некои моќни особини со кои се истакнуваат во популацијата.

Способност за лидерство, проактивност, голема количина на енергија и способност секогаш да останат фокусирани,  се некои од нивните најдобри квалитети, а исто така знаат да бидат моќни и продуктивни.

Од друга страна, посклони се кон некои болести, како што се чиреви, дисфункција на штитната жлезда, ниско ниво на хормон на штитната жлезда и недостаток на јод.

Таа дисфункција може да предизвика непосакувани последици како прекумерна телесна тежина и задржување на вода во телото.

Во Јапонија крвната група 0 одамна се поврзува со одреден вид на личност. На разговор за работа Јапонците потенцијалните кандидати често ги прашуваат која крвна група се.

Луѓето со крвна група 0 се опишуваат како одговорни, предадени, организирани, фокусирани, совесни и практични.

Исто така се верува дека тие се побистри и подобри логичари од останатите. Тоа е така поради тоа што нивните предци биле ловци кои набљудувале и најпрецизно ја проценувале околината за да преживеат.

Хиперактивни и импулсивни

Кога се под стрес можат да се налутат, да станат хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, неодостатокот на вежбање и нездрави навики и склоност кон стрес, ги прават подложни на штетни метаболистички процеси, како што се отпорност на инсулин, забавена активност на штитната жлезда и дебелина.

Исто така тие имаат поголемо ниво на желудочна киселина од останатите крвни групи, поради што често имаат чувствителен желудник, а склони се кон настанување на чир на желудник.

Луѓето со крвна група 0 треба да избегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен поради тоа што го зголемува адреналинот којшто и онака е висок кај луѓето со таа крвна група. Им се препорачува физичка активност, 3 до 4 пати неделно.

Коментари

Популарно