(Фото) 28-годишниот Италијанец преку ноќ ги освои женските срца

На 27-ми април пристигна долгоочекуваното продолжение на филмот „365 Days“, полско-италијански еротски трилер кој во 2020 година направи неверојатен „бум“.

И покрај просечната глума и сценарио, проблематичниот заплет кој го романтизира заробеништвото и бројните критики, ова остварување стана сензација и го пронајде патот до срцата на публиката.

Повеќето веруваат дека заслугите за тоа му припаѓаат на главниот актер во филмот – Италијанецот Микеле Мороне кој ги освои дамите со маркантната појава, згодното тело и мистериозната енергија. Но, во вториот дел на филмот Мороне доби „засилување“ и колега кој сериозно се заканува да му ја преземе титулата на најпосакуван маж во Европа.

Имено, на филмската екипа ѝ се придружи манекенот Симоне Сузина кој во продолжението го толкува ликот Начо, гангстер и долгогодишен непријател на ликот на Микеле, а токму како и него, и овој Италијанец е буквално неодолив.

Го краси извајано тело, цврсти мускули, прекрасно лице и неверојатно сини очи, а за целиот впечаток придонесува и фактот дека има одличен моден стил.

Кој е Симоне Сузина?

Станува збор за 28-годишен италијански манекен на кој ова му е прв актерски ангажман. Но, во водите на моделингот е веќе со години многу познат и баран, а брендовите како што се „Армани“ и „Долче и Габана“ се „грабаат“ за него. И на Инстаграм е екстремно популарен – таму го следат над 1,4 милиони луѓе. На пошироката јавност, Сузина ѝ стана познат во 2017 година, кога се појави во италијанското реално шоу „L’isola dei famosi“.

Од 2016 до 2018 година, Сузина беше во врска со венецуелската манекенка Маријана Родригез, а потоа „заплови“ и во кратка романса со моделот Ана Моја.

Коментари

Популарно